Избор Струга Хроника

Физички нападнат вработен во Меѓународниот универзитет во Струга

Струга, 9. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во просториите на Меѓународниот универзитет во Струга, лицето Б.К. од село Велешта, струшко вчера, околу 11:00 часот, започнал вербална расправија со 40-годишниот А.К. од Струга кој бил вработен во универзитетот.

– Тој му упатувал  закани по неговиот живот, а потоа и физички го нападнал удирајќи го со тврд предмет во пределот на главата. Потоа Б.К. му го одзел мобилниот телефон на А.К. и го напуштил местото на настанот. Б.К. е повикан во Полициската станица во Струга и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива