Избор Локална самоуправа Охрид

77 години од Народно ослободителното востание на Македонија

Охрид, 9. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Со пригодни свечености, општина Охрид и ОО на Сојузот на Борци ќе го одбележат 11-ти Октомври – Денот на народното востание.

Свечената програма започнува утре во 11:00 часот. Во рамките на случувањето, предвидено е обраќање на градоначалникот на Охрид проф. д-р Јован Стојаноски, а историски час ќе одржи Наце Иваноски од ОО на Сојузот на борци.

Во четврток, делегации од општина Охрид и останати претставници од јавниот и политички живот од градов ќе положат свежо цвеќе на Спомен обележјето од НОБ во Градскиот парк, во дворниот простор на охридскиот Основен Суд, Економското училиште „Св. Кирил и Методи“ и кај Градските гробишта. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид