ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид Спорт

Младите од клубот „Интеракт“ со еко акција во рамки на проектот „Еко Галичица 2018“

Охрид, 10. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – И младите од охридскиот клуб „Интеракт“ со еко акција го поддржаа проектот „Еко Галичица 2018“.

Младите чистеа по такавиканата патеката од Леко, меѓу селата Велестово и Рамне, а трасата беше од Билјанини извори – извор Поник – Вискок врв.

klub interact 2

– На местата каде што со претходните еко патроли во рамки на проектот „Еко Галичица 2018“ беше детектиран отпад се изврши чистење, се направи и еко проверка на патеката која беше задоволително чиста, а на некои места каде беа забележани гранки и камења беа санирани,рече претседателот на Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „Зш Авантура“, Жанко Голабоски.

 

klub interact 1

klub interact 3

„Еко Галичица 2018“ продолжува со несмалено темпо и во наредниот период, со еко патроли, едукација на населението и чистење на планината Галичица. Во изминатиот период во рамки на овој проект беа одржани повеќе велосипедски еко патроли на планината Галичица, се мапираа критичните точки, особено околу видиковците и селата на кои беше забележан најразличен вид отпад, по што следуваа акции за расчистување на последиците од нашата некултура.

Следно се планирани еко акции на потегот меѓу селата Коњско и Елшани и меѓу Трпејца и Љубаништа. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес