Избор Струга Хроника

Стружанка го ограбила свекорот и ги напуштила малолетните деца

Струга, 10. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „запуштање и малтретирање на дете“ и „кражба“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.А. (29) од струшкото село Шум.

Пријавената, на 30-ти минатиот месец го напуштила сопругот, семејниот дом и трите малолетни деца. Ден пред тоа, во куќата на нејзиниот свекор Ф.А. кој живее во соседното село Заграчани, таа извршила кражба на пет илјади евра и златни предмети. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива