Здравје Избор Охрид

Едукативна работилница за контрола на дијабетесот во Охрид

Охрид, 11. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во големата сала на општина Охрид, утре со почеток во 16:30 часот ќе се одржи Едукативна работилница за контрола на дијабетесот.

– Станува збор за едикативна работилница за броење на јагленохидрати во исхраната. Пред присутните ќе се зборува на теми: „Основа за добра контрола на гликемиите кај дијабетесот“ и „Регулиран дијабетес – сочуван вид“, порачуваат организаторите.

Работилницата е во организација на Здружението на дијабетичари Охрид, Асоцијација за детски дијабетес на Македонија „Баланс МК“ и „Систина Офталмологија“ од Битола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива