Избор Охрид

Семинар за стекнување самодоверба во Охрид

Охрид, 12. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Европскиот институт за менаџмент, право и дипломатија, денес во Охрид ќе се одржи Семинар за стекнување самодоверба.

– Стекнете поголема самодоверба во сопствениот живот и работата на бесплатниот семинар на кој предавач ќе биде проф. д-р Зендел Абедин Шехи, претседател на Европскиот Институт за менаџмент, право и дипломатија во Скопје, порачуваат организаторите.

Семинарот ќе се одржи во хотелот „Unique“, а регистрацијата на гостите е од 18:30 до 19:00 часот. Генерален спонзор на настанот е охридската туристичка агенција „Венус Травел“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива