ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Се зборува на СУПЕР… Постојано акции за чистење, а ѓубре насекаде околу нас. Кога ќе ја исчистиме нашата свест од „менталното ѓубре“?

Охрид, 12. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Скоро и да не помине викенд, а да немаме некоја поголема или помала акција за чистење на делови од Охрид. Секојдневно сме сведоци на објави на фотографии на социјалните мрежи од ѓубре расфрлано по плажите, но и по Галичица и околните предели.

Супер радио пред почетокот на летото иницираше голема акција која имаше преку 1.200 учесници „Мој Охрид, чист Охрид“, акции правеа акцијашите од „Брег на младоста“, Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „ЗШ Авантура“ редовно прави ЕКО-патроли и посочува на дивите депонии околу Охрид, вчера акција иницираше и актерката, охриѓанката Ирена Ристиќ…

Но, дали го решаваме проблемот и всушност – каде е проблемот?

Дали се одговорни само комуналните служби, или она на што треба најмногу да работиме е чистењето на „менталното ѓубре“ и надминувањето на самите себеси. Да се подигне свеста кај граѓаните за важноста на екологијата и чистиот град и чистото езеро.

Езерото го загадуваме и во неговата внатрешност. Нуркачите секоја година прават по неколку акции за чистење. Но дали е и тоа договолно. Каква е свеста на ова поле и од другата страна на границата. Сведоци сме на најблаго кажано страшни слики за односот кон езерото на делот после Тушемиште и пред Поградец.

Се зборува на СУПЕР…

извор: Супер радио фото: архива