Избор Струга Хроника

Кривична пријава за седум лица поради учество во тепачка

Струга, 12. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „учество во тепачка”, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против седум лица од Струга и струшкото село Калишта.

Кривичната пријава е поднесена против О.Е.(30), А.Ѓ.(29), И.Т.(27), Р.Ш.(27), В.Т.(29), Ј.Т.(22), В.Т(21) кои кривичното дело го сториле на 16 септември оваа година, во ноќниот клуб „Оаза“ во Струга. Тука, В.Т.(29) најнапред физички го нападнал О.Е. удирајќи го со шише по главата, а веднаш потоа во тепачката се приклучиле и останатите сега пријавени, кои биле нивни другари. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива