Избор Спорт

ГФК „Охрид Лихнидос“ утре гостува кај Новаци

Охрид, 12. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Градскиот клуб „Охрид Лихнидос“ утре ги продолжуваат натпреварите во Третата македонска лига.

Во рамки на осмото коло гостуваат кај тимот на Новаци. Почетокот на натпреварот е во 14:30 часот.

Инаку, охридските фудбалери се неприкосновени на лидерската позиција на табелата. Досега имаат максимален учинок седум од седум, со 21 поен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива