Забава Избор На кафе со... Охрид

Со концерт во Охрид, бендот „Никеја“ одбележува 25 годишен јубилеј

Охрид, 12. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва од 20:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе се одржи концерт насловен „Четврт со рокенрол – Unplugged“ на кој ќе настапи вокално инструменталниот состав „Никеја“.

– За да го заокружиме нашиот 25 годишен јубилеј, сакаме да реализраме 10-тина концерти низ Република Македонија. Првиот беше во Прилеп, а денеска свириме во Охрид, и тоа за прв пат. Наскоро се очекуваат официјални датуми и за други градови во државата, вели фронтменот на бендот Дејан Чурчиев за „Радио Корнер“ на Супер радио.

Влезот за концертот е слободен, а ќе се промовираат новите песни кои се поместени на последниот студиски албум „New Folder“, како и песни од предходните два албуми на „Никеја“.

– Со материјалот од новиот албум „New Folder“ сакаме да продреме до што поширока публика. За разлика од претходите два, на новиот албум имаме неколку песни кои имааат благ поп призвук кое е по пријателски за радио станиците, истакна Ќурчиев.

Специјален гостин на концертот во Охрид ќе биде Ристо Апостолов на групата „Водолија“. Бендот го сочинуваат: Алексадар Стојковски на бас-гитара, Лазар Коцев на тапани и Деан Ќурчиев, вокал, гитарист и автор на музиката и на текстовите на песните. Зад себе имаат три албуми и преку 100-тина концерти ширум Република Македонија.

cornerbistro-novo

Емисијата „Радио Корнер“ се емитува секој работен ден од 12:00 до 14:00 во живо од Bistro Corner. Водител е Александра Алексијевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес