Избор Охрид Хроника

Приведен државјанин на Англија во Охрид – кршел рекламни табли во центарот на градот

Охрид, 15. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа, околу 23:15 часот, во СВР Охрид е приведен е 29-годишниот С.Л.Б. од Престон, Англија.

– Приведувањето е извршено поради сторен прекршок односно кршење на одредбите од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Приведениот С.Л.Б. синоќа на булеварот „Македонски Просветители“, го нарушил јавниот ред и мир со непристојно и дрско однесување, а потоа и со кршење на рекламна табла од деловен објект лоциран на булеварот. На тој начин предизвикал вознемиреност кај граѓаните и ја загрозил нивната безбедност, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива