Економија Избор Македонија

Од полноќ нови цени на бензините и дизелот

Скопје/Охрид, 15. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Од полноќ нови повисоки цени на бензините, дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за денар односно денар и половина од литар, па новите цени ќе бидат 74,50, односно 76,50 денари.

Цената на Еуродизел (Д-Е V) се покачува за два денари и ќе се точи за 69 денари.

Нова повисока цена за 2,5 денари има и екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе се продава за 58 денари.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,659 денари и еден килограм ќе се продава за 38,409 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива