Избор Охрид Хроника

Сообраќајка на улица „Железничка“, нема потешко повредени

Охрид, 15. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево околу 13:10 часот се случи сообраќајна несреќа на пресекот помеѓу улиците „Железничка“ и „Будва“, во непосредна близина на крстосницата кај ресторанот „Гурман“.

Во сообраќајната несреќа во која учествуваа возила марка „Опел“ и „Дихатсу“ нема потешко повредени лица, причинета е поголема материјална штета.

На местото на несреќата интервенираше возило на Брза помош, а увид изврши екипа на СВР Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес