Избор Хроника

Кривична за охриѓанец поради употреба на лажни исправи

Охрид/Кичево, 15. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Кичево поднесе кривична пријава против 34-годишниот В.Б. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „употреба на исправа со невистинита содржина“ и „измама при добивање кредит или друга погодност“.

– На 17.10.2012 година пријавениот, во име на друго лице, во Бирото за метеорологија при Министерството за Економија-Скопје, со цел да ја искористи погодноста по член 24 од Законот за возила, поднел лажна сообраќајна дозвола од Швајцарија за моторно возило „Фолксваген“, како и уверение за повратник од странство издадено од МВР Кичево на име на трето лице, кое го обезбедил на непознат начин, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива