Избор Локална самоуправа Охрид

Охрид денес – една година после локалните избори

Охрид, 16. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Вчера се наврши една година од локалните избори во Охрид на кои победата ја однесе проф. д-р Јован Стојаноски од Коалицијата „Живот за Македонија“ предводена од СДСМ, кој стана и новиот градоначалник на Охрид.

Според официјалните податоци на Државната изборна комисија, Стојаноски од вкупно излезените 33.774 граѓани со излезност од 63,90% на изборите освоил 18.262 гласа или 54,07 проценти што е доволно за победа во првиот круг. Зад него беше Митко Тилев од ВМРО-ДПМНЕ кој освои 13.650 гласови или 40,15%. Коалицијата предводена од СДСМ победи и во трката за советнички места во идниот состав на советот на општината, со освоени 15.198, пред ВМРО-ДПМНЕ со освоени 12.871 гласови.

jovan0610.2017Најголемиот проблем на Охрид години наназад е што е една од најзадолжените општини во државата. Градоначалникот проф. д-р Јован Стојаноски, во јуни оваа година, за ТВ 21 изјави дека општината има долг од 1,4 милиони денари.

– Во моментов ги имаме изработено анализите за долгот на општината, како што ни бараше Министерството за Финансии. Во моментов финансискиот долг, нагласувам – финансискиот, изнесува околу 1.400.000 денари, кон сите доверители со кои Општина Охрид има работено. Сакам да нагласам дека од овој износ околу 600.000 се камати, а 200.000 денари се за извршни трошоци. Граѓаните ова треба да го знаат, изјави Стојаноски.

Наскоро се очекува градоначалникот Стојаноски да го објави и Отчетот за сработеното во текот на првата година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива