Избор Спорт

Ракометното „езерско“ дерби меѓу Охрид и Струга в сабота во „Билјанини извори“

Охрид, 16. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – По победата на гостувањето кај Радовиш, охридските ракометари викендов ги очекува „езерското“ дерби.

После шест години, на спортската сцена се враќа ракометното ривалство меѓу охриѓани и стружани.

Натпреварот меѓу ракометните клубови од Охрид и Струга ќе се одигра во сабота, 20-ти октомври, во салата „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот.

„Гладијаторите“ во досегашниот тек на Супер лигата имаат четири победи и еден пораз и се втори на табелата со 12 поени, а веднаш зад нив се стружани со 10 бода. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива