Избор Охрид

Со гаранција од 300.000 евра и пратеникот Љубен Aрнаудов излегува од куќен притвор

Скопје/Охрид, 16. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Љубен Арнаудов излегува од куќен притвор, откако Апелациониот суд му ја прифатил жалбата.

Порталот Плусинфо јави дека според нивни информации, гаранцијата која ја дал Арнаудов е во вредност од околу 300.000 евра.

Одлука за излегување од куќен притвор денес беше донесена и за пратеникот Сашо Василевски чија гаранција во недвижен имот беше околу 400.000 евра.

Image result for љубен арнаудов

Во куќен притвор останува само пратеникот Крсто Мукоски од Вевчани, од редовите на истата партија, кој исто така поднел жалба до Апелација, но според нашите информации тој нема дадено гаранција.

Покрај овие тројца пратеници, на обвинителна клупа се уште двајца други пратеници од опозицијата, Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, кои излегоа од куќен притвор и се со други мерки на претпазливост. (Крај)

извор: Плусинфо фото: архива