Избор Спорт

Кошаркарите на АВ Охрид дома го пречекуваат тимот на Куманово

Охрид, 17. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, 21-ви октомври, како заокружување на богатиот спортски викенд, кошаркарите на АВ Охрид на домашен терен го пречекуваат тимот на Куманово.

Охридските кошаркари во досегашниот тек од новата сезона од Првата македонска лига имаат два порази, па против кумановчани ќе ја бркаат првата победа.

Натпреварот ќе се одигра во салата „Билјанини извори“ со почеток во 17:30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива