Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со бројни награди се враќаат од натпреварот „ГастроМак Македонија 2018“

Охрид, 17. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ од Охрид учествуваа на третиот меѓународен гастрономски натпревар „ГастроМак Македонија 2018“, кој се одржа во Струмица од 8-ми до 12-ти октомври.

На овој натпревар учествуваа јуниори и сениори од повеќе земји меѓу кои Србија, Црна Гора, Турција, Бугарија, Албанија, Русија, Сирија… Учесниците се натпреваруваа во повеќе категории и тоа: приготвување пилешко месо, риба, паста, пица, национални јадења и модерна којна.

Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот Блаже Јорданоски освоија два сребрени и еден бронзен медал.

– Ангел Карбески за приготвување пилешко месо освои сребрен медал,

– Стефан Aврамоски за приготвување риба освои сребрен медал и

– Христијан Талески бронзен медал за приготвување паста.

Овој меѓународен натпревар, покрај натпреварувачкиот дел има и едукативен дел, каде учесниците имаа можност да следат мастер класови со врвни светски готвачи.

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид