Избор Охрид Хроника

СВР Охрид со официјално соопштение за пронајдените коски кај Рамне

Охрид, 18. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти овој месец, околу 13:00 часот, во СВР Охрид добиено е телефонско известување за забележани коски, кои наликувале на човечки.

– Коските биле пронајдени во месноста „Лозја“, во атарот на охридското село Рамне. По добиената информација, СВР Охрид оформи увидна екипа која, по овластување на Јавен обвинител веднаш излезе на посоченото место. Сe преземаат дополнителни мерки за целосно расветлување на настанот, информираат од секторот. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива