Избор Македонија Струга

Алсат М: Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски останува во куќен притвор

Скопје, 18. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Обвинителството за организиран криминал и корупција нема да даде зелено светло пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски да излезе од куќен притвор со висока парична гаранција.

Телевизија Алсат М неофицијално објави дека обвинителството ќе даде негативно мислење по неговото барање. Сепак, клучниот збор за тоа дали Мукоски ќе остане или не во домашен притвор ќе го има Кривичниот совет во скопска Единица.

Претходно домашниот притвор со парични гаранции од неколку стотици илјади евра, им беше укинат на неговите колеги, исто така обвинети за 27-ми април, охриѓаните Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Тројцата, заедно со пратениците Јохан Тарчуловски и Љупчо Димовски, се обвинети за упадот во Собранието, на 27-ми април минатата година. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива