Избор Охрид

Атанасов: Навременото чистење на ќунците и оџаците најдобар начин за заштита од пожар

Охрид, 18. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Навременото чистење на ќунците и оџаците е најдобар начин за превенција и заштита од пожари. Во пресрет на грејната сезона домаќинствата кои се греат на дрва задолжително треба да ги прочистат оџаците, потенцира пожарникарот Ацо Атанасов во емисијата „Диши длабоко“ на Супер радио.

На прагот сме на новата грејна сезона, но променливото време ги натера охриѓани помалку особено наутро и навечер да ги запалат печките. Токму сега некои од домаќинствата ги прават и грешките кои може да доведат до несакани последици.

– Во овој период граѓаните прават грешка со тоа што на грејните тела го запираат доводот на воздух. Со самото тоа доаѓа до нецелосно согорување на дрвата и така се таложат недосогогените гасови во ќунците и оџаците. Понатаму кога ќе залади времето се отвора доводот на воздух поинтензивно е горењето на дрвата и така настанува палење на ќунците и оџаците. За чистење на оџаците има оџачари кои се вработени во противпожарната единица, а има и лиценцирани фирми кои го прават тоа, вели Атанасов.

mitus gostin

Секој пожар е спацифичен за себе, но при јавување на бројот 193 лицето кое пријавува пожар задолжително мора да каже што гори, локацијата каде е настанат пожарот и каков е пристапот до местото, за да можат пожарникарите да добијат првична информација за тоа каде треба да се упатат, со какви сили и со каква опрема треба да излезат на терен.

Често се случува во моменти на паника да се погреши бројот, па наместо во пожарна луѓето да се јават во полиција или брза помош, но кој број и да го повикаат, ќе добијат информација кој е точниот број, вели Атанасов.

Тој рече дека има случаи и на лажни дојави за пожар, кога екипите излегуваат на терен и утврдуваат дека нема ништо. Атанасов апелира да не се игра со служби како противпожарната, брзата помош и полицијата.

Повеќето од граѓаните можеби и не знаат во целост што работат пожарникарите, но се трудат да како стручњаци и служба да се приближат до граѓаните.

Секој пожар е спацифицен за себе, пожарникарите се соочувале и со лоши непријатни ситуации по нивното здравје и живот, кога влегувале во оган, во непозната средина, но императив секогаш им била спасувачката мисија и справување со огнените јазици. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

©OhridPress2019 Доколку преземете некоја содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење