Избор Охрид

АПЕЛ: Да помогнеме заедно за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид

Охрид, 18. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓани уште еднаш имаат можност да ја покажат својата хуманост за лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.

Станува збор за болест која ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, а трансплантацијата на коскената срж е единствениот спас за малата Сара.

– Нашиот син Виктор Настески, кој има 13 години е единствен сроден донатор на коскена срцевина за неа. Во сите странски земји, третманот и лечењето на овој проблем на оваа возраст, спаѓа во рамка на специјализираните детски клиники. Трансплантацијата на коскената срж сакаме да се изврши во специјализирана детска клиника во Германија, која нуди висока успешност со низок ризик. Успехот кој е постигнат во лекување на многу деца, меѓу кои и едно од Република Македонија, на иста вораст и дијагноза е причината поради која веруваме во нив. Нашите финансиски можност не дозволуваат да ги платиме трошоците за лекување, кои се над 200.000 евра, стои во апелот на семејството Настески.

Image result for helping hand

Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива