Економија Избор Охрид

Бесплатни реклами на Супер радио за помош на Сара

Охрид, 19. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Супер радио се приклучува кон акцијата за помош на нашата 15-годишна сограѓанка Сара Настеска, кај која неодамна е дијагностицирана Anemia Аplastica.

– Во знак на поддршка на нашата 15-годишна сограѓанка Сара, до крај на ноември ќе обезбедиме рекламен простор на сопствената програма и на информативните портали за сите компании кои ќе сакаат да помогнат во висина на донираниот износ. Добивате реклама на Супер радио и и` помагате на Сара во исто време. Сите заинтересирани можат да се јават на телефонот 046/260-078 или да испратат порака на superradio@superradio.com.mk, информираат од Супер радио.

Охриѓани веќе започнаа да се организираат во знак на поддршка на Сара. Најавени се бројни активности и акции за собирање средства.

No automatic alt text available.

Сите кои се во можност можат да помогнат со уплата на средства на следната жиро сметка: 200001557959672 – Горан Настески, депонент Стопанска банка. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива