Избор Македонија Струга

Пратеникот Крсто Мукоски пуштен да се брани од слобода

Скопје, 19. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски, кој беше во куќен притвор, од денеска е пуштен да се брани од слобода.

– Апелациониот суд Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, денеска достави решение со кое ја уважил жалбата на К.М. обвинет во предметот со КОК бр. 40/18 поврзан со настаните од 27-ми април 2018 година во Собранието на Република Македонија со кое ја уважил жалбата изјавена против решението на Кривичниот совет при овој суд и го преиначи решението на советот со што ја укина мерката куќен притвор, определена со решение на Врховен суд на Република Македонија, продолжена со решение на кривичен совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје, а се определуваат мерки за претпазливост – Одземање на патна исправа, односно забрана за издавање нова и Обврска обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во судот во Струга, соопшти Судот. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива