Избор Охрид Хроника

Тешка сообраќајка кај „Св. Еразмо“, загина едно лице

Охрид, 21. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Едно лице го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа која се случила рано утрово, околу 02:00 часот, на влезот во Охрид во близина на „Свети Еразмо“.

Порталот Скопје 1 јави дека во незгодата учествувало патничко возило „Фиат Пунто“, кое неофицијално удрило во товарно возило.

Со ова продолжува низата сообраќајки со трагични последици на недовршениот пат Охрид-Кичево. Работите кои се изведуваат, лошата состојба на коловозот, заедно со неприлагодената брзина со условите на патот, периодов наназад беа причини за бројни сообраќајни незгоди, во кои загинаа повеќе лица. (Крај)

извор: Скопје1/ОхридПрес фото: архива