Избор Охрид Хроника

СВР Охрид: Кај „Св. Еразмо“ синоќа загина едно, повредени се уште четири лица

Охрид, 21. октомври 2018 (ОХРИДПРС) – Едно лице го загуби животот, а четири имаат тешки телесни повреди, во сообраќајната незгода што утрово во 01:25 часот и 25 инути се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, во близина на „Св. Еразмо“.

– На местото на тешката сообраќајна незгода, на здобиените повреди им подлегнал Д.Р.(38) од Охрид кој управувал патнички автомобил марка „Фиат Пунто“ со охридски регистарски таблици. Во автомобилот, сопатници биле и лицата Љ.С.(51), И.Р.(51), И.Ѓ.(56) и Ј.К.С.(35), сите од Охрид кои се здобиле со тешки телесни повреди. Со телесни повреди, се здобил А.М.(31) од охридското село Лешани, кој управувал товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки. Повредените се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, информираат од СВР Охрид.

Сообраќајната незгода се случила кога товарното моторно возило „Мерцедес“ кое по магистралниот пат се движело од Охрид кон Подмолје, со предниата лева страна удрило во патничкиот автомобил „Фиат Пунто“ управувано од сега починатиот. По инерција од ударот, товарното возило излетало на левата страна од патот.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Охрид предводена од Јавен обвинител. За време на увидот, сообраќајот на магистралниот пат беше запрен во двата правци и пренасочен по регионалниот пат Охрид-Струга. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција а врз товарното возило ќе се врши вонреден технички преглед и  вештачење. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива