Избор Охрид Празници

Денот на Македонската револуционерна борба, 23-ти октомври, неработен за сите граѓани

Охрид, 22. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Согласно Законот за празници, утре, 23-ти октомври, Денот на Македонската револуционерна борба е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Денот на Македонската револуционерна борба како државен празник се одбележува од 2007 година, кога беше изгласан новиот Закон за државни празници. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива