Избор Македонија Охрид

Арнаудов: Немаше закани, ниту поткуп со пари за да гласаме

Скопје, 22. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид Љубен Арнаудов, кој денеска е во суд за случајот „27-ми април“, рече дека немал никакви закани, нути пак понуда од пари со кои би бил натеран да гласа за уставните измени во петокот во Собранието.

– Доаѓаме да докажеме дека сме невини, немаше никакви закани или пари со кои би нѐ поткупиле да гласаме „за“, изјави Арнаудов денеска пред Кривичниот суд.

Тој заедно со уште шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во петокот вечерта по гласањето во Собранието беше исклучен од партијата.

sasovasileski

Сашо Василевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше исклучен од партијата откако гласаше за пристапување кон измени на Уставот, вчера во изјава за Тв21 објасни зошто гласал спротивно од ставот на партијата.

– Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон, вели.

Пратениците кои гласаа негираат дека биле поткупени, велат дека гласале според свое убедување и додаваат дека се 24 часа под полициска заштита поради заканите кои ги добиваат од петокот. (Крај)

извор: ПлусИнфо/Тв21 фото: ПлусИнфо/ОхридПрес