ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид

Во езерото забележан лебед кој плови со жила и јадица на главата (Фото)

Охрид, 23. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress информираат дека е забележан лебед во водите на Охридското Езеро, кој денес имал рибарска жила и дел од јадица закачени на главата.

Последен пат бил виден во близина на хотелот Royal View.

За жал, ова не е прв ваков случај, затоа што овие убави птици, најчесто се движат и се хранат во непосредна близина на брегот, каде ловат риболовците. Старите јадици, често се кинат и остануваат во водата, по што птиците можат да ги замнат за храна.

lebedzila2Иако во светот се под заштита, лебедите во Охридското Езеро, кои се населено од средината на седумдесеттите години на минатиот век, во Република Македонија како да немаме слух за важноста и нема посебно тело кое ќе се грижи за овој вид птици.

Супер радио и OhridPress апелираат до сите кои можат да помогнат да се залови птицата и да се ослободи, затоа што ако жилата ја попречува во нормалното хранење, истата за брзо може да угине. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес