Избор Охрид

Голема хуманитарна забава „Охрид од срце за Сара“ на Cuba Libre Beach

Охрид, 23. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Овој петок на плажа Cuba Libre Beach ќе се одржи голема хуманитарна забава „Охрид од срце за Сара“.

Предвидена е богата програма, а целокупниот приход од влезниците ќе биде дониран за помош на нашата 15-годишна сограѓанка Сара Настеска.

– Програмата ќе започне после 19:30 часот, кога ќе се одржи забавата на младите ракометни надежи од Ракометната школа „Вардар седмерец“. Потоа од 21:00 часот ќе започне продажната аукција на оригинални дресови од: Дибиров, Горан Пандев, Столе Стоилов, Дејан Манасков, Кирил Лазаров и многу други спортски ѕвезди. За музиката ќе се задолжени DjBuce, Дј Crazy Slave, како и Ѓоко Танески и Петар Маркоски. Влезниците ќе се продаваат по цена од 100 денари, порачуваат организаторите.

No automatic alt text available.

На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор Anemia Aplastica, кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. За зафатот се потребни повеќе од 200.000 евра, кои ќе се искористат за лекување во Германија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива