Избор Свет

Градот Загреб им ги простува режиските долгови на богаташите

Загреб, 31. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Градот Загреб ќе им прости на граѓаните долговите до 10.000 куни за комунални услуги, чии сметки се блокирани и се под закана за запленуаање.

Потегот предизвика големи реакции во јавноста бидејќи не постои социјален или имотен цензус, па така долгови ќе им се простат и на магнати, фудбалери и дилери на оружје, објави весникот „Јутарњи лист“. (1 куна =0,13 евра)

Откако на 21 јули стапои во сила Законот за отпишување долгови на физички лица, Градот им ги отпишува долговите и на оние кои никако не можат да влезат во категоријата социјални случаи.

Весникот „Јутарњи лист“ објави дека најголем дел од наведените на листата имаа долг поголем од милион куни, а рекордерот има 40 милиони куни, вкупен долг.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива