Избор Локална самоуправа ОБРАЗОВАНИЕ

Истекува рокот за аплицирање за општински ученички и студентски стипендии

Охрид, 31. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Денеска истекува рокот за пријавување по конкурсите што ги објави општина Охрид за доделување ученички и студентски стипендии.

Можеа да аплицираат ученици од основните и средни училишта на подрачјето на општина Охрид за учебната 2018/19 година и редовни студенти од општина Охрид запишани на додипломски студии на државните универзитети во Р. Македонија и на државни универзитети во странство за академската 2018/19 година.

Според објавата, предвидено е да се доделат 100 ученички стипендии во висина од 1500 денари месечно. За студентите се предвидени 35 стипендии во висина од 3000 денари месечно. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива