Избор Општина Дебрца

Општина Дебрца ќе додели еднократна парична помош од 100 илјади денари лекување на Сара

Охрид, 31. октомври 2018 (ОХРИДПРЕС) – Општина Дебрца ќе додели еднократна парична помош во висина од 100 илјади денари лекување на 15-годишната Сара Настеска од Охрид.

Одлуката е донесена на 16-та седницата на Советот на општина Дебрца. Советниците едногласно ја изгласаа предлог одлуката за доделување на помош за лекување на Сара Настеска во висина од 100.000 денари.

На Сара и’ е дијагностициран малиген тумор Anemia Aplastica, кој ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот. За зафатот се потребни повеќе од 200.000 евра, кои ќе се искористат за лекување во Германија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива