Забава Избор

За првпат во Македонија ќе се избира маж на годината

Скопје, 1. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Oваа година за прв пат ќе се одржи избор на МАЖИ НА ГОДИНАТА во Македонија.

Настанот ќе се одржи на 28-ми ноември (средa) во Тренд Гастро Бар и истиот има за цел да ги награди успешните мажи кај нас, но и да ги мотивира во иднина за успех како на личен план, така и на прфоесионален.

Изборот на МАЖИ НА ГОДИНАТА има за цел да не мотивира меѓусебно во правец на поместување на сопствените граници, да се поттикнеме на донесување позитивни одлуки кои влијаат на квалитетот на нашиот живот и работа, притоа создавајќи еден имиџ во бизнис задницата. Знаејќи дека токму сега е месцот за поддршка на машкото здравје оваа манифестација има за цел да прерасне во традиција секоја година.

Идејата за реализација и организација на еден ваков проект е на единствениот онлајн машки магазин кај нас FRIDAY.MK  и агенцијата за организација на настани MOMENTUM INC., а е поддржан од Сојузот на стопански комори на Македонија и е препознаен од голем број на компании кои го поддржаа изборот за Маж на годината.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Црнобело фото: архива