Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид

Предавања во ОУ „Григор Прличев“ на историчарот во пензија проф. Наце Иваноски

Охрид, 1. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од петтите одделенија при ОУ „Григор Прличев“, во вторникот, на 30-ти октомври, имаа можност да го слушнат предавањето на познатиот историчар во пензија проф. Наце Иваноски.

Image may contain: 2 people, people sitting and indoor

Часот го проследија учениците од V1 и V2 одделение ,учителките Биљана Иваноска и Валентина Трпческа, додека во петок, на 2-ри ноември, предавањето ќе го слушаат и учениците од V3, V4, V5, со учителките Нина Ристеска, Мимоза Трајческа и Радмила Лотеска.

Image may contain: 3 people, people smiling, people standing

Image may contain: 2 people, people sitting and indoor

– На отворениот час по предметот општество на темата „Нашата татковина Република Македонија“ професорот реализира одлично излагање со краток и прецизен историски осврт кон најзначајните настани од историјата на македонскиот народ.  Ги водеше младите слушатели  низ историјата со хронолошка прецизност задржувајќи се на клучните моменти, а на прашањата одговараше со енциклопедиска точност. Отворениот час беше успешно реализиран, а учениците побараа професорот повторно да ги посети. Ваквите часови остануваат во нивните сеќавања, а историчарите кои истовремено имаат одлични педагошки квалитети  почесто треба да се помеѓу  учениците, информираат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива