Избор Охрид

Денес хуманитарен настан „Артистите за Сара“

Охрид, 4. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, денес ќе се одржи хуманитарен настан „Артистите за Сара“.

– Со цел да се помогне да се обезбедат сретства потребни за пресадување коскена срж на нашата сограѓанка Сара Настеска, која боледува од Anemia Aplastica, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, охридскиот Центар за култура организира голем културен настан наречен „Артистите за Сара”, со многу музика, Стендап и кабаре. Ќе настапат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Јован Куциноски, Јане Тодороски, Зоран Донев, Јован Цветкоски, Илија Богданоски, Никола Сиљаноски и Јордан Коцевски, информираат од Центарот.

Image may contain: text

Билетите по цена од 200 денари, можат да се купат на билетарата на Центарот за култура. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива