Избор Свет

Словенија и Хрватска најмалку влијателни во ЕУ, покажало ново истражување

Лондон, 5. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Според истражувањето на Европскиот совет за надворешни работи, со седиште во Лондон и фондацијата „Штифунг Меркатор“ со седиште во Есен, највлијателни држави во ЕУ се Германија, Франција, Велика Британија и Холандија, додека Словенија и Хрватска се најмалку влијателни.

Словенија и Хрватска се на 25 место кога е во прашање нивното општо влијание во ЕУ, каде местото го делат со Бугарија и Малта, но кога станува збор за тоа кои земји имаат влијание врз политиката на Унијата, балканските држави, исто така, се на 25 место заедно со Летонија и Малта.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека Германија е најдобар партнер во донесување на политички одлуки, а потоа следат Франција и Италија.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива