Избор Струга Хроника

Сообраќајна незгода во струшко, повредени две лица

Струга, 6. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Доцна синоќа, околу 22:40 часот, на локалниот пат село Ливада-село Корошишта во Струга, 17-годишниот Б.С. од струшкото село Теферич, управувајќи патничко возило „Фолксваген Голф“ со струшки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.

– Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Б.С. и сопатникот, 33-годишниот Б.П. од село Биџово, струшко. Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Увид на место извршила екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива