Избор Струга Хроника

Тешка сообраќајка утрово кај Мислешево, загина едно, повредени пет лица

Струга, 6. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, во 05:45 часот, на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, се случи сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот а пет други се здобија со тешки телесни повредени.

– Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот. На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга. Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива