Избор Празници Струга

Литургија во Струга во чест на празникот Митровден

Охрид, 6. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во четврток, на 8-ми ноември 2018 година, во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ во Струга, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. великомаченик Димитриј Солунски – Митровден“.

Со литургијата која ќе започне во 08:45 часот, ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: МПЦ-ОА фото: архива