Избор Култура Охрид

Премиера на претставата „Метод“ во Охрид

Охрид, 6. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одигра премиерата на претставата „Метод“ од Жорди Галсеран, во режија Ирена Стеријовска.

Премерата е закажана за сабота, 10-ти ноември, а еден ден претходно со почеток во 20:00 часот ќе се одигра предпремиера. Билетите за претпремиерата чинат 200 денари, а собраните средства од предпремиерата ќе бидат донирани за помош на Сара Настеска на која и е потребна трансплантација на коскена срж.

Image may contain: 4 people, people sitting, beard and indoor

– „Метод“ е приказна што се случува сега, на илјадници места. Во неа се зборува за новиот свет полн со замки, трикови и големи очекувања. Свет во кој се е на дофат ако се плати вистинската цена. Тука човечките чувства се валута со која најлесно се тргува. Оваа претстава зборува за последносто интервју на финалните четри кандидати за висока позиција во голема интернационалана компанија. Во оваа приказна, преку интриганта сатира кон модерното сфаќање на капитализмот и општеството воопшто, се анализира природата на човекот. Концептот го поставува човекот во инфериорна позиција во однос на „големата слика“ и го поставува прашањето колку голема е всушност „големата слика“, вели режисерката Стеријовска.

Image may contain: 4 people, people standing

Во претставата играат: Стрезо Стаматовски, Ивица Цонев, Елизабета Стефановска и Јаков Спасов. Идејното решение за сценографијата е на Стефан Спировски, а костимографијата е на Ана Кркулеска Попоска. Изборот на музика го направи Ирена Стеријовска, а композитор на темата „Tango Mastergame“ е Ермаљ Мехмети.

Премиерата е на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, во сабота со почеток во 20.00 часот. Билетите за премиерата чинат 300 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива