Забава Избор

Dj Regie Rules со нов ремикс – време е за „My Love“ на Breathe Carolina & Robert Falcon

Охрид, 6. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – По полни три месеци од издавањето на ремиксот на „Can’t Help The Way That I Feel“ на Sneaky Sound System, познатиот охридски Dj и продуцент Dj Regie Rules нуди нов ремикс, овој пат на темата „My Love“ на Breathe Carolina & Robert Falcon.

– Време е за нов ремикс. Еве нешто за сите обожаватели на Future House, порача Regie Rules.

Инаку, Dj Regie Rules досега има изработено повеќе ремикси на теми од македонската поп музика и светската електронска музичка сцена, од кои дел, во изминатиот период се вртеа и низ голем дел од македонските радио станици.

Публиката во Охрид и Струга, но и низ целиот свет преку интернет, може да ја следи неговата авторска емисија Into the groove, секој вторник од 22:00 до 23:00 часот кога е вистинско време да го вклучите вашиот радио приемник на најслушаната локална радио станица Супер радио и да уживате во одбраните денс хитови на Dj Regie Rules. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес