Избор Охрид

74 години слободен Охрид

Охрид, 7. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Најпозната туристичка, културна и духовна мека во земјава, Балканскиот Ерусалим, Охрид денес слави 74 години од ослободувањето од фашистичкиот окупатор.

Многу животи згаснаа во борбите за слобода на Охрид што партизанските одреди ги водеа со фашистичкиот окупатор во 1944 година. Благодарение на нив Охрид денес е слободен град. Во рамки на свеченостите за одбележување на овој ден, во организација на Општина Охрид и Општинската организација на Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија се реализираат повеќе свечености и настани.

Синоќа од 19:00 часот концерт одржаа учениците од ОМУ „Методи Патче“. Денес ќе бидат положени 74 ружи во знак на 74 години слободен Охрид на спомен-обележјата од НОБ, а ќе се одржи и Историски час.

Детската градинка „Јасна Ристеска“ под мотото „На крилјата на љубовта“ ќе го одбележи својот патронен празник. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес