Економија Избор Охрид

Супер радио 26 години во ритам со Охрид

Охрид, 7. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Супер радио денес го прославува 26-тиот роденден и ја продолжува приказната која започна во далечната 1992 година.

– Кој имал среќа утрово да се разбуди во Охрид, може да смета дека за денес доволно постигнал во животот. Секое понатамошно инсистирање на уште нешто, би било нескромно, порачуваат од Супер радио.

Годинава која е зад нас се посвети максимално внимание на комплетната дигитализација на програмата и фузирањето со видео материјали и особено со интернет порталите и социјалните мрежи. Супер радио доби комплетно нова и супер-фукционална веб страна, пет нови дигитални канали, деновиве ќе биде објавен и новиот редизајн на порталот OhridPress, а покрај Inpress наскоро во нашето семејство ќе имаме уште еден нов „дигитален“ член.

– Како и претходно, се` што правиме, правиме студиозно и со огромно внимание. Така ќе биде и за овие проекти. Наскоро се подготвува и комплетна видео продукција на вести и забавни содржини, со што Супер радио ќе го задржи местото на врвот на довербата кај слушателите, читателите на интернет содржините, и гледачите на видео материјалите, додаваат од радиото.

superradio25godini2Супер радио денес е препознатливо, пред се`, по модерниот радио израз, кој од пред две недели е 100% освежен со нови продукциски елементи, радио дизајн, обработка на програмата и нови емисии. Актуелната музика, вкусно избрана за постарата и помладата популација слушатели, но и по информативните содржини, што го прават еден од најцитираните медиуми во Западна Македонија. Според сите анкети на Советот за радиодифузија на РМ (сега АВМУ), Супер радио веќе шеста година е убедливо најдобрата, најслушаната и највлијателната локална радио станица. Во моментов испорачуваме сопствена програма која ја создава врвна екипа од презентери, Дј-и, новинари, спикери и надворешни соработници кои остваруваат 24 часовна програма која е прилагодена кон идеалната публика и се остварува на најсовремена опрема што резултира со одличен, лесно препознатлив и моќен сигнал кој допира до слушателите.

Ви благодариме за довербата. Продолжуваме понатаму ВО РИТАМ СО ОХРИД!

Ваше Супер радио…