Избор Локална самоуправа

Делови од Охрид претпладнево без вода

Охрид, 7. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Поради тековно одржување на водоводната мрежа, делови од Охрид претпладенево се без вода.

Според информациите од охридски „Водовод“ прекин во водоснабдувањето има на делови од улиците „Абас Емин“, „Македонски Просветители“,„Дејан Војвода“, потоа „Охридска Бригада“, дел од „Кеј Македонија“ и горната зона на населбата Рача.

Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива