Спорт

НБА: Дончиќ меч-винер против Визардс (Видео)

Далас, 7. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Далас Маверикс забележаа победа над Вашингтон Визардс 119:100. Маверикс во првото полувреме постигнаа 70 поени, а најдобар во победата бил Лука Дончиќ.

Младиот Словенец за 33 минути на теренот забележал 23 поени, шест скока и три асистенции. Поен помалку реализирал Весли Метјуз, а со дабл-дабл од 19 поени и исто толку скокови завршил Харисон Барнс.

Џон Вол на спротивната страна постигнал 24 поени, а по 19 коша уфрлиле Ото Портер и Бредли Бил.

Целиот текст прочитајте го ТУКА. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива