Избор Македонија

12 дена ќе се расправа за четирите нацрт-амандмани

Скопје, 7. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Собраниската Комисија за уставни прашања денеска ќе ја започне расправата за четирите нацрт-амандманите на Уставот согласно Договорот од Преспа, која треба да трае 12 дена.

Пленарната седница претседателот на Собранието Талат Џафери, кој истовремено е и претседател на Комисијата, ја закажа за 1-ви декември.

Премиерот Зоран Заев во петокот на прес-конференцијата во Владата соопшти дека четирите амандмани се едноставни, немаат ништо спорно и се во согласност со меѓународните стандарди и заслужуваат поддршка од сите пратеници во име на интеграцијата во ЕУ и во НАТО. Според него, нацрт – амандманите се утврдени низ инклузивен процес и во нив се вградени предлозите на независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание.

Пратениците во Собранието, како што појасни Заев, имаат можност низ дебата и амандмани да го подобрат текстот на предложените нацрт-амандмани.

Прочитајте повеќе ТУКА. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива