Избор Партии

СДСМ: Пропаднатиот проект Љубаништа е симбол на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје/Охрид, 7. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Пропаднатиот проект кој беше ветен од криминалната власт на Никола Груевски, за луксузен туристички комплекс на Охридското езеро на местото на автокампот Љубаништа на површина од неверојатни 240 хектари, останува забележан како една од најголемите измами во поновата историја на Македонија, обвини денеска СДСМ.

Ова, според СДСМ, е уште една шема на менторот на Христијан Мицкоски, носителот на криминалот и режимот, Никола Груевски, со Субрата Рој.

– Денес, од пласираните лаги за овој пропаднат проект  со контроверзниот Субрата Рој, којшто требаше да има луксузни хотели на вода, голф терени и марина, останаа само сликите со Никола Груевски, Зоран Ставревски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Од помпезно најавуван светски комплекс, денес Љубаништа е светски симбол на криминалот и измамите на Груевски и неговите соработници. Одбраната на криминалот на Груевски пак, е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски, се вели во партиското соопштение. (Крај)

извор: СДСМ фото: архива