Економија Избор Охрид

Владата по трет пат ќе бара авиокомпанија за евтини летови

Скопје/Охрид, 7. ноември 2018 (ОХРИДПРЕС) – Владата на Република Македонија донесе одлука да се објави трет јавен повик за нискобуџетните авиокомпании, овојпат со олеснети критериуми.

Авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26-ти март 2019, а не до 10-ти јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

– Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка. Очекуваме овој трет повик да биде успешен во интерес на граѓаните и тие ќе можат целосно да ги користат бенефитите од нискобуџетните летови, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски. (Крај)

извор: ПлусИнфо фото: архива